18 февруари 2025 Новости
Како изгледа растот и развојот на ембрионот во првите денови? Нашиот ембриолог Горан Стефановски објаснува што се случува во лабораторијата во секоја фаза од овој процес. После оплодувањето, првиот знак за успешно спојување на сперматозоидот со јајната клетка е формирањето на поларното тело и почетокот на пронуклеарната фаза. Двата пронуклеуси се гледаат во оваа рана фаза, пред зиготот да започне со делба.




