Laparoscopic Removal Of Dermoid Cysts On Both Ovaries In 17 Year Old Patient

ДЕРМОИДНИ ЦИСТИ НА ДВАТА ЈАЈНИЦИ ИЗВАДЕНИ ПО ЛАПАРОСКОПСКИ ПАТ КАЈ 17 ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

По лапароскопски пат извадено е цистичното ткиво со конзервација на здравото оваријално ткиво, за да може во иднина пациентката да биде мајка.

ДЕРМОИДНИ ЦИСТИ НА ДВАТА ЈАЈНИЦИ ИЗВАДЕНИ ПО ЛАПАРОСКОПСКИ ПАТ КАЈ 17 ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

8 јуни 2022
4.jpg
Дермоидните цисти се од вродено потекло. Настануваат од герминативното ткиво на фетусот и можат да се развиваат на било кој дел во телото. Во конкретниот случај кај нашата пациентка, на двата јајници. Тие можат да растат подоцна во животот кога се манифестираат со болки и неплодност. Тоа е плурипотентно ткиво и можат да содржат коски, рскавица, гној, лој, заби, штитна жлезда итн. Можат да растат енормно оштетувајќи го ткивото на јајчникот.
Процедурата ја објаснува д-р Христијан Трпчевски, кој го предводеше оперативниот зафат кај младата девојка:
„Кај оваа млада девојка, на десниот јајник имаше таква циста од 7 цм, а на левиот 3цм. По лапароскопски пат извадено е цистичното ткиво со конзервација на здравото оваријално ткиво, за да може во иднина пациентката да биде мајка. Билатералните цисти се поретки додека во нашата пракса сме имале многу случаеви на дермоидни цисти на едниот јајчник.“ рече д-р Христијан Трпчевски по завршениот оперативен зафат.

 

 

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK