ЛАПАРОСКОПСКА ПЕКТОУТЕРОПЕКСИЈА: АЛТЕРНАТИВНА ТЕХНИКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАТКАТА

Лапароскопско поткренување на матката кај млада жена на 30 години со субтотален пролапс на матката

ЛАПАРОСКОПСКА ПЕКТОУТЕРОПЕКСИЈА: АЛТЕРНАТИВНА ТЕХНИКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАТКАТА

11 август 2022
laparoscopic-pectouteropexy-5-e1660224055604-1200x603.jpg
Пред два месеци направено е лапароскопско поткренување на матката кај млада жена на 30 години со субтотален пролапс на матката (испаѓање надвор од вагината).
Оставивме простор да видиме како ќе се опорави пациентката и како ќе се чувствува. Таа е добра и пресреќна што и е зачувана матката. Имено, кај овие жени се прави вадење на матката по вагинален пат. Ние применивме метода со која ја зачувавме матката. Направивме лапароскопско подигнување за пектинеалниот лигамент на карличната коска со помош на мрежичка. Со оглед на тоа дека имавме искуство со подигнување на вагината (волт пролапс) кај преходни 3 пациентки на сличен начин, операцијата ја направивме за само 1 час. Пациентката наредниот ден ја напушти болницата.
Друг алтернативен пат за поткренување на пролабираната матка е сакроколпопексијата, но таа е поврзана со повеќе компликации, појава на стресна инконтиненција, плус бара подолга хоспитализација и подолга аналгезија.
„Ова е нова метода за која сѐ уште се собираат искуства во светот. Ние остануваме доследни на нашата визија и мисија да применуваме најнова технологија и техника на ендоскопската хирургија“, вели д-р Христијан Трпчевски, младиот, но многу искусен лидер во областа на микроинвазивната хирургија во Македонија.
  • Laparoscopic Pectouteropexy 1 1
Оперативниот зафат може да го погледнете на следниот линк:

 


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

©2022 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

mk_MK