SENTINEL LYMPH NODE BIOPSY СО ИЦГ ЗА КАРЦИНОМ НА ЕНДОМЕТРИУМ

На овој начин се мапираат лимфните жлезди и се одредува стадиумот на болеста.

SENTINEL LYMPH NODE BIOPSY СО ИЦГ ЗА КАРЦИНОМ НА ЕНДОМЕТРИУМ

30 август 2022
slika-1-1200x675.jpg
Оваа метода веќе се вдомува во нашата болница и единствено кај нас се применува во Македонија. Кај пациентки со карцином на гениталните органи, во конкретниот случај карцином на ендометриумот (слузницата на матката), најнов тренд е вадење на матката, јајоводите и јајчниците и лимфните жлезди во карлицата (пелвични) и надвор од карлицата (парааортални и паракавални), по лапароскопски пат. На овој начин се мапираат лимфните жлезди и се одредува стадиумот на болеста.
„Оваа метода ја применуваме кај пациентки со низок и висок степен на ризик. Во конкретниот случај, пациентката имаше 64 години, висок крвен притисок и голема телесна тежина. За оваа процедура, покрај вештината што треба да ја поседува хирургот за отстранување на лимфните жлезди, потребна е и скапа лапароскопска опрема со 4К камера, која користи инфрацрвени зраци. Ние имаме таква опрема. Пациентката на стомакот има само три мали посекотини по половина сантиметар, а болницата ја напушти третиот ден. Истата вечер на денот на операција, беше мобилизирана. Ова е најнов тренд во светот“, вели д-р Христијан Трпчевски, млад но многу искусен и вешт лапароскопист.
Погледнете краток инсерт од текот на операцијата на следниот линк:

SENTINEL LYMPH NODE BIOPSY СО ИЦГ ЗА КАРЦИНОМ НА ЕНДОМЕТРИУМ

Погледнете ја скратената операција на нашиот YouTube канал:

 


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK