ЛАПАРОСКОПСКА ПЕКТИНОПЕКСИЈА ЗА ВОЛТ ПРОЛАПС

Применивме нова техника на лапароскопско подигнување на вагината за пектинеалниот лигамент на внатрешната страна на пубичната коска во абдоменот. Ова е нова техника, многу подобра од т.н. сакропексија.

ЛАПАРОСКОПСКА ПЕКТИНОПЕКСИЈА ЗА ВОЛТ ПРОЛАПС

26 јули 2022
laparoskopija-vo-podem-1-1200x900.jpg
Единствено кај нас во Македонија – трета операција по ред од овој вид!!!
Кај постара жена, со претходно извадена матка поради слабост на мускули и лигаменти на карлично дно, испаѓа вагината надвор од телото. Направена е и оперативна корекција по вагинален пат на друго место, без успех.
„Ние применивме нова техника на лапароскопско подигнување на вагината за пектинеалниот лигамент на внатрешната страна на пубичната коска во абдоменот. Ова е нова техника и првичните резултати покажуваат дека е многу подобра од т.н. сакропексија, кога пролабираната вагина се подигнува за задната коска на карлицата (сакроколпопексија). При оваа операција висок процент од жените имаат постоперативни проблеми со дефекација. Кај пектинеопексијата тие проблеми ги нема. Ни останува подолготраен „follow up ".
Претходните две пациентки имаат многу добар постоперативен тек. Ова е мутилантна операција и единствено во Македонија се изведува кај нас, а ја работат вешти и искусни лапароскописти.
Мрежичката што се поставува е трајна и нересорбилна. Кога ќе направиме повеќе вакви операции, ќе ги објавиме нашите резултати во меѓународна литература. Работиме на проспективна студија, медицински базирана на докази.
Плодот од успешно завршената операција е нашето најголемо задоволство“, вели д-р Христијан Трпчевски, шеф на одделот за ендоскопска хирургија.
Погледнете краток инсерт од текот на операцијата на следниот линк:

ВИДЕО: ЛАПАРОСКОПСКА ПЕКТИНОПЕКСИЈА ЗА ВОЛТ ПРОЛАПС

 

Погледнете ја скратената операција на нашиот YouTube канал:

 


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK