Androflor Screen Анализа

Androflor Screen овозможува преку еден примерок да се одреди количеството на вкупната бактериска маса (14 микроорганизми), опортунистичките и вистинските патогени микроорганизми, како и присуство и број на нормална микрофлора во машкиот урогенитален тракт, со помош на најосетлива метода – мултиплекс Real Time PCR (Polymerase Chain Reaction), кој овозможува детекција и на минималното количество на микроорганизми.

Androflor Screen Анализа

23 јули 2021
IMG_3534-732x428-1.jpg

Најчести причинители на сексуално преносливи инфекции и други инфекции на урогениталниот тракт се Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis, Mycoplasma genitalium, како и опортунистичките микроорганизми Ureaplasma urealyticum, Ureaplasma parvum, Mycoplasma hominis и Candida spp.

Androflor Screen овозможува преку еден примерок да се одреди количеството на вкупната бактериска маса (14 микроорганизми), опортунистичките и вистинските патогени микроорганизми, како и присуство и број на нормална микрофлора во машкиот урогенитален тракт, со помош на најосетлива метода – мултиплекс Real Time PCR (Polymerase Chain Reaction), кој овозможува детекција и на минималното количество на микроорганизми.

Овој тест е наменет за сите мажи кои имаат некакви симптоми на инфекција или воспаление на урогенитален тракт – печење после мокрење, зачестено мокрење, воспаление на уретрата (каналот низ кој се исфрла мокрачата и сперма),печење после ејакулација, воспаление на простата, присуство на бели крвни зрнца (леукоцити) во спермата, машки стерилитет од непозната причина, пред интервенции на урогенитален тракт, баланопостити, како и кај мажи кои имаат некаков симптом, а со други тестови не се детектира никаков причинител.

Исто така овој тест се препорачува и кај сите парови пред започнување со ИВФ постапка.

Особено Androflor screen се препорачува и за мажи кои имале ризични сексуални контакти, незаштитен однос, повеќе сексуални партнерки, како и однос со партнерка која се тестирала позитивна за некоја сексуално пренослива инфекција.

Одлика на добра здравствена култура е пред започнување на сексуални односи со нова партнерка, секој маж да направи скрининг за сексуално преносливи инфекции, со цел да се лимитира нивното ширење и последиците кои произлегуваат од неоткриени и нетретирани инфекции, а последиците можат да бидат сериозни, дури и да доведат до неплодност.

Примероци кои се користат за Androflor screen се: уретрален брис, сперма (ејакулат), урина, а резултати се добиваат во рок од 72 часа.

Закажете термин на 047 208 880, со цел да добиете упатства како соодветно да се подготвите за анализата.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK