45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Androflor Screen

Androflor Screen

Најчести причинители на сексуално преносливи инфекции и други инфекции на урогениталниот тракт се Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis, Mycoplasma genitalium, како и опортунистичките микроорганизми Ureaplasma urealyticum, Ureaplasma parvum, Mycoplasma hominis и Candida spp.

Androflor Screen овозможува преку еден примерок да се одреди количеството на вкупната бактериска маса (14 микроорганизми), опортунистичките и вистинските патогени микроорганизми, како и присуство и број на нормална микрофлора  во машкиот урогенитален тракт, со помош на најосетлива метода – мултиплекс Real Time PCR (Polymerase Chain Reaction), кој овозможува детекција и на минималното количество на микроорганизми.

Овој тест е наменет за сите мажи кои имаат некакви симптоми на инфекција или воспаление на урогенитален тракт – печење после мокрење, зачестено мокрење, воспаление на уретрата (каналот низ кој се исфрла мокрачата и сперма),печење после ејакулација, воспаление на простата, присуство на бели крвни зрнца (леукоцити) во спермата, машки стерилитет од непозната причина, пред интервенции на урогенитален тракт, баланопостити, како и кај мажи кои имаат некаков симптом, а со други тестови не се детектира никаков причинител.

Исто така овој тест се препорачува и кај сите парови пред започнување со ИВФ постапка.

Особено Androflor screen се препорачува и за мажи кои имале ризични сексуални контакти, незаштитен однос, повеќе сексуални партнерки, како и однос со партнерка која се тестирала позитивна за некоја сексуално пренослива инфекција.

Одлика на добра здравствена култура е пред започнување на сексуални односи со нова партнерка, секој маж да направи скрининг за сексуално преносливи инфекции, со цел да се лимитира нивното ширење и последиците кои произлегуваат од неоткриени и нетретирани инфекции, а последиците можат да бидат сериозни, дури и да доведат до неплодност.

Примероци кои се користат за Androflor screen се: уретрален брис, сперма (ејакулат), урина, а резултати се добиваат во рок од 72 часа.

Закажете термин на 047 208 880, со цел да добиете упатства како соодветно да се подготвите за анализата.