„ЛАЈОНИ“ ЛАПАРОСКОПИСТИ – ЛАПАРОСКОПСКО ВАДЕЊЕ НА МАТКА ОД 1000 ГРАМА
10 јуни 2022
Нов подвиг на нашиот оперативен тим. По лапароскопски пат е извадена матка со огромна големина со повеќе миоми. Тежината на извадениот материјал е 1000 грама.
Минатата година, извадивме матка со тежина од 1200 грама. Лапароскопистите кои отстрануваат матка со тежина над 1000 грама, се т.н. „Лајони“ лапароскописти. Најчесто, овие матки се оперираат по класичен пат со оперативен рез. Кај нас, тоа се прави лапароскопски.
Пациентката за два дена ја напушти болницата.