Д-р Данче Коларовска со свое предавање на работилницата на ФАРМАХЕМ
На работилницата која се одржа на 18 и 19 мај во хотелот Радика во Маврово во организација на ФАРМАХЕМ, свое предавање на тема „Хормонски мониторинг во тек на ИВФ постапка“ одржа специјалистот по медицинска биохемија д-р Данче Коларовска, раководител на биохемиската лабораторија во Боница „Плодност“.
Ова предавање наиде на одличен прием кај присутните на работилницата, бидејќи опфаќа подрачје на работа карактеристично за Болница „Плодност“.
Од страна на ФАРМАХЕМ, на Болница „Плодност“ и беше врачена благодарница за успешната соработка со оваа компанија во изминатите 15 години, а беше доделен и вредносен ваучер.