Нов начин на отстранување на оперативен материјал од утробата со лапароскопија

Нов начин на отстранување на оперативен материјал од утробата со лапароскопија

18 октомври 2018

На стручен состанок, прим. д-р Таше Трпчевски го презентираше најновиот начин на лапароскопско вадење на оперативен материјал. Овој зафат не се одвива преку ѕидот на стомакот, туку преку задниот вагинален ѕид, што претставува прв ваков оперативен зафат не само во Болница „Плодност“, туку и во регионот. Со ваквиот вид на оперативно отстранување, се избегнуваат трауми, кожни дефекти и пациентот побргу се опоравува.

Иако лапароскопијата важи за инвентивна метода, сепак, при оперативни зафати каде што е потребно да се отстрани поголем оперативен материјал од матката или од јајниците од утробата, потребно е да се прошират линиите на резовите. Преку овој најнов начин на вадење на оперативниот материјал, преку задниот вагинален ѕид, не се прават дополнителни оштетувања на кожата.

Секогаш први, секогаш во чекор со најновите светски достигнувања. Болница „Плодност“, Битола.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK