Болница „ПЛОДНОСТ“ доби свој претставник за фармаковигиланца

Болница „ПЛОДНОСТ“ доби свој претставник за фармаковигиланца

16 октомври 2018

Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет во Скопје, номинираа 85 лекари специјалисти од сите градови на Република Македонија кои учествуваа на работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите, односно за имплементирање на добрите практики на фармаковигиланца во Република Мекедонија.

Оваа TAIEX работилница беше организирана од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет од Скопје, а поддржана од Европската Комисија (European Commission).
Прeдавачи на дводневната работилница беа еминентни експерти, меѓу кои медицинскиот директор на UPSALA-мониторинг центарот од Шведска (д-р Pia Caduff-Janosa) и претставник од Светската здравствена организација (д-р Viola Macolić Šarinić), како и раководителите на националните центри за фармаковигиланца од Хрватска (д-р Darko Krnic и м-р сци. Фарм. Željana Margan Koletić) и Црна Гора (м-р фарм. Maja Stankovic).

Фармаковигиланцата игра клучна улога во следењето на безбедноста на сите лекови кои се ставени во промет и заштита на јавното здравје.
Од Болница „Плодност“, како одговорно лице за фармаковигиланца е избран м-р фарм. Стефан Матиќ – магистер по фармација и ембриолог во ИВФ одделот.

Сите номинирани лица добија сертификат за успешно завршена обука и претставуваат одговорни контакт лица за фармаковигиланца во матичните институции, преку кои регулаторниот орган ќе работи на подигнување на свесноста за пријавување несакани реакции од лекови и медицински средства и навремено ќе ги споделуваат со здравствените работници и пациенти сите значајни безбедносни информации за лековите и медицинските средства во нашата земја.
Следењето и пријавувањето на несаканите реакции на лековите се од непроценливо значење за нивната безбедна примена, како кај пациентите во нашата земја, така и на светско ниво, бидејќи секој пријавен несакан ефект по обработката од страна на МАЛМЕД, се регистрира во базата на Светската Здравствена Организација.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK