ЛАПАРОСКОПСКА ХИСТЕРЕКТОМИЈА ЗА 25 МИНУТИ
8 јуни 2022
Оперативните зафати на вадење на матка со нормална големина по лапароскопски пат, за нас се веќе рутинска постапка, која трае до 30 минути.
Императив за работа ни се големи матки кои стигнуваат до папокот, кои исто така ги отстрануваме по лапароскопски пат, но времето за операција е подолго и трае од 1,5 до 3 часа. Во конкретниот случај, лапароскопската хистеректомија беше изведена за 25 минути.
Пациентката ќе ја мобилизираме вечер, на втор постоперативен ден ќе ја напушти болницата.
Современиот пристап по лапароскопски пат ги намали деновите на хоспитализација, а на пациентките им го скрати времето за опоравување и им овозможи побрзо враќање на работните обврски.
https://plodnost.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/laparoskopska-histerektomija-za-25-minuti.mp4