Назив:
ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство и ИВФ центар за хумана репродуктивна медицина
„ПЛОДНОСТ“ - Битола
Седиште: ул.Асном бр.9, Битола
Директор на установата: Прим. д-р Таше Трпчевски
Емаил: info@plodnost.com.mk info@plodnost.com.mk
Тел.: +38947208880; моб:+38975472503
Адреса на веб страната: https://plodnost.com.mk/
Во ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “ПЛОДНОСТ” Битола се обавува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност по гинекологија и акушерство, со Решение бр.10-5308/10 до 04.11.2011г., на Министерство за здравство.
Болницата има 14 оддели:
Болница Плодност има голем број на врвни специјалисти. Нашиот персонал го сочинуваат тим од реномирани лекари-специјалисти по гинекологија и акушерство, специјалисти по неонатологија и педијатрија, специјалисти по анестезиологија и реанимација и специјалист радиолог, од кои четворица се стекнале со звањето Примариус.
Болницата има и тим од високо специјализирани медицински сестри во нивните области.
Болницата континуирано вложува во постојана надградба и едукација на своите вработени.
Болницата располага со 13 болнички кревети, распоредени во 13 еднокреветни соби кои се климатизирани и имаат сопствено купатило, 1 апартман со два болнички кревети, 2 операциони сали, просторија за интензивна нега и реанимација. Соба за прием на новороденчиња, 3 инкубатори и 1 транспортен инкубатор и 15 креветчиња. Две родилни простории се опремени и работат. Во одделот за ИВФ има две простории за оплодување на ИВФ.
Специјалистичкото советување се врши во четири гинеколошко-акушерски амбуланти поврзани со сестринска соба. Во една од амбулантите постои ЦТГ апарат. Една просторија е за рендген дијагностика. Има и посебна просторија за дневна болница, со сала за интервенции. Хематолошка и биохемиска лабораторија, молекуларна лабораторија, болничка аптека и многу други помошни простории.
Услуги: Листа на услуги по оддели можете да ги погледнете ТУКА (поединечно за секој оддел)