Вчера во Болница Плодност беше успешно изведена лапароскопска хистеректомија со отстранување на матка со големина до висина на папокот и тежина од 1.300 грама – случај каков што успешно сме решавале и претходно. Кај пациентката беа забележани изразено обилни и нерегуларни менструални циклуси, состојба која значително влијаеше врз нејзиниот квалитет на живот.