Мотивацијата на д-р Таше Трпчевски
Мотивирачки говор кој предизвика овации кај присутните, одржа синоќа директорот на Болница „Плодност“, прим.д-р Таше Трпчевски. Пред бројната публика во салата на Народниот театар во Битола, во рамките на семинарот „Мотивација-Пет минути внимание за промена во вашите животи“, тој беше говорник, заедно со организаторот д-р Зендел Абедин Шехи , професот на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје.
Д-р Трпчевски зборуваше за тоа како започна со својата професија, која беше неговата животна мотивација да се занимава со ин витро постапките и мотивацијата да ја отвори болницата. На семинарот присуствуваше и голем дел од вработените во Болница „Плодност“, кои се стекнаа со сертификати, а на д-р Трпчевски му беше доделена посебна плакета и благодарница за соработката со Европскиот Институт.