Ембриолози од „Плодност“ на светски симпозиум во Софија
Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија беше организатор на Кампус симпозиум на тема „Тековни пристапи во генетиката и репродукцијата“ кој се одржа во Софија, Бугарија од 26-28 април годинава.
На овој симпозиум учеествуваа двајца ембриолози од Болница „Плодност“ – Горан Стефановски и м-р Стефан Матиќ, а се дискутираше за најсовремените аспекти на предимплантационата генетска дијагностика, пренатална генетска дијагностика, генетски испитувања кај неплоден пар и преконцепциска генетска дијагностика. Во друштво на врвни специјалисти од целиот свет, нашите ембриолози ги надополнија знаењата од оваа област со најнови научни достигнувања, а исто така реализираа приватна посета на болницата „Надежда“ во Софија.