БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“ НА XXIII НАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС ЗА СТЕРИЛИТЕТ И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО Р. БУГАРИЈА
29 мај 2022
Претставници од Болница „Плодност“ учествуваа на „XXIII Национален конгрес за стерилитет и репродуктивно здравје со меѓународно учество“, кој се одржа од 26 до 29 мај 2022 во Боровец, Р. Бугарија. Присуствуваа директорот прим. д-р Таше Трпчевски, ембриологот м-р Стефан Матиќ и молекуларниот биолог Симона Бардакоска, кои разменија мислења со останатите гинеколози од Бугарија и странство, за нивни искуства во областа на хуманата репродукција.
На конгресот активно учество со свои излагања имаа прим. д-р Таше Трпчевски и м-р Стефан Матиќ. Во рамките на сесиите, одржаа предавања преку кои презентираа специфични случаеви кои се дел од работните искуства во Болница Плодност.
Присутните доктори со овации ги пофалија нивните предавања, како пример за успешност во многу тешки случаи на оператива и ИВФ, што ги прави единствени во регионот.
Честитки за нашиот тим, кој достојно насекаде низ светот ја претставува Болница „Плодност“.