16 БЕБИЊА ЗА ЕДЕН ДЕН: ВИКЕНДОТ ВО ПЛОДНОСТ ЗАПОЧНА СО ЖИВОТ
14 јули 2025

Во Плодност, секој викенд носи нова причина за благодарност. Овојпат, 16 новороденчиња, 16 нови приказни, 16 семејства кои својот најважен животен момент го доживеаја токму кај нас.
Од нив, 9 се машки, а 7 женски бебиња. Три породувања се резултат на успешно изведени ИВФ постапки, уште една потврда за резултатите и пристапот на нашиот тим кон асистираната репродукција.
-
Битола - 3
-
Прилеп – 6
-
Струга – 2
-
Кавадарци – 2
-
Велес – 1
-
Неготино – 1
-
И една родилка – од далечниот Бразил

🌊 Породување во вод, ново искуство за една мајка
Мајка која се породи по втор пат, овојпат избра породување во вода. Споделувајќи го своето искуство, додека го доеше своето бебе, рече:
„Овојпат беше многу полесно од првиот пат. Породувањето помина побрзо, посмирено и навистина сум презадоволна од целиот медицински тим на Плодност.“
Воденото породување, достапно во Плодност со целосна медицинска поддршка, сè почесто е избор на родилки кои бараат помирно и поприродно искуство.
🌍 Пациентка од Бразил – доверба преку препорака
Посебна беше и приказната на пациентка од Бразил, која по препорака од две мајки од нејзината земја кои веќе се породиле кај нас, реши да ни ја довери својата бременост:
„Во Бразил царскиот рез често се препорачува и кога не е неопходен, бидејќи е полесен за докторите, но значително поскап за пациентите. Сакав да се породам природно, во средина каде што ќе се чувствувам безбедно и поддржано. Од првиот преглед до самиот чин на породување – сè беше на ниво. Чисто, комфорно, феноменална услуга, просториите се како во хотел со пет ѕвезди. Д-р Сотир Ропи беше со мене низ целата бременост, а медицинскиот тим беше до мене постојано. Благодарна сум за сè.“
📈 Во Плодност, не постојат обични викенди
Секој ден, а особено викендите кога се раѓаат нови животи, е уште еден потсетник за одговорноста што ја носиме. Нашиот неонатолошки тим е подготвен 24/7, со врвна медицинска опрема и човечки пристап кон секое бебе и семејство.



