50 2 Ivf Pregnancy Success Rate With Fzom In Q2 2025

50,2% УСПЕШНА ИВФ БРЕМЕНОСТ СО ФЗОМ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 3 МЕСЕЦИ ОД 2025

Во последните 3 месеци од 2025 година, 50,2% од пациентките кои направија ИВФ со ФЗОМ во Плодност остварија потврдена бременост. Прочитајте реални случаи и пристапот што води до успех.

50,2% УСПЕШНА ИВФ БРЕМЕНОСТ СО ФЗОМ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 3 МЕСЕЦИ ОД 2025

14 јули 2025
ivf-success-fzom.jpg
Во вториот квартал од 2025 година, Болница Плодност продолжува со високи резултати во областа на асистираната репродукција. Според најновите податоци, 50.2% од пациентките што направиле ИВФ третман со поддршка на ФЗОМ (Фонд за здравствено осигурување на Македонија) оствариле потврдена бременост.
 
Ова е значајна бројка, особено имајќи предвид дека многу пациентки имаат комплицирана медицинска историја и долготрајна борба со неплодност. За подобро разбирање на резултатите, ви ги претставуваме трите најзначајни случаи од изминатите три месеци:
 
  • Пациентка на 33 години, 5 години во брак
    • Пациентка на 33 години, 5 години во брак
    • Дијагноза: машки фактор – астеноспермија (намалена подвижност на сперматозоиди)
    • Третман: ICSI со активација на сперма
    • Резултат: потврдена бременост во 6 гестациска недела и 4 дена
Plodnost Ivf Success
  • Пациентка на 27 години, 4 години во брак
    • Прв ИВФ со замрзната бластоциста
    • Третман: ICSI, MACS, ембриоскопија
    • Резултат: бременост во 5 гестациска недела и 5 дена
Ivf Success Plodnost Hospital Fzom
  • Пациентка на 36 години, 10 години во брак
    • Дијагноза: PCO синдром (полицистични јајници)
    • Третман: IVF со поддршка на ФЗОМ, трансфер на витрифицирана бластоциста
    • Има уште 4 замрзнати ембриони
    • Потврден уреден интраутерин развој на ембрион на 5 недели и 3 дена
Ivf Success Plodnsot
Клучот за успехот лежи во персонализираниот пристап на нашите лекари, користењето на напредни техники (ICSI, MACS, EmbryoScope) и внимателната подготовка на ендометриумот. Во Болница Плодност веруваме дека секој ембрион има своја приказна, и нашата мисија е таа приказна да започне со потврдена и здрава бременост.
 
📊 Официјалната статистика за изминатиот квартал е испратена до ФЗОМ, согласно сите протоколи за следење на резултатите од ИВФ третманите.
 
Plodnost Intermed е дел од Болница Плодност и ги следи сите највисоки стандарди во асистираната репродукција.

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK