Стручен кадар кој континуирано се едуцира и доусовршува според светските трендови, во мотивирана средина каде што пациентот е во центарот на вниманието, ние нудиме здрава иднина на жената и нејзиното потомство.
Врвна, висококвалитетна, дијагностичко-терапевтска, радиолошка и лабораториска здраствена услуга базирана на најновите медицински достигнувања, со најсовремена апаратура, во согласност со етичкиот кодекс.
Изберете го докторот кај којшто сакате да закажете термин за преглед.

Докторе, само да ве известам дека како плод на Вашата работа се породив со близнаци, момче и девојче, и ви благодарам за тоа. Поздрав од Србија

Ова е нашата неверојатна успешна приказна за ИВФ: 1 лапароскопска операција, 2 процедури за ИВФ, 3 процедури за ИВФ и 8 години трпение од мама и тато, Д-р Таше и неговиот одличен тим, нашите ангели девојчиња дојдоа на светот 💙 не знаеме како да ви се заблагодарам доволно!

Докторе пред сѐ да сте ми здрави и живи, 2 пати ми го спасивте животот, а сега и уште еден живот ми подаривте 💙 Денес се роди Петар во 12:30 часот по природен пат и се во најдобар ред. Ми фалевте многу од срце само да знаете! Поздрав до сите вас, сите колеги 🤗 А ние се гледаме за брзо за второ (имаме 5 ембриони замрзнати 😂 )

Д-р Таше, јас сум ваша пациентка од Шведска. Би сакал да ве информирам дека родив прекрасно момче Стефан овде во Стокхолм. Благодарност до вас и неверојатниот тим на Плодност.
Уреаплазмата е бактерија која често е присутна во урогениталниот тракт и кај мажи, и кај жени. Иако во голем дел од случаите инфекцијата може да помине незабележано, со текот на времето таа може да предизвика сериозни проблеми со репродуктивното здравје. Затоа, навремената дијагноза и терапија се од суштинско значење.
Во Болница Плодност, секое ново раѓање носи радост и надеж, но денешниот ден е посебен – го пречекавме 500-тото бебе во 2025 година. Малата Мариа, родена спонтано во 12:38 часот, со тежина од 3.532 грама и должина од 50 сантиметри, е симбол на нов почеток и радост за целото семејство.
Кариотипизацијата е една од најважните цитогенетски анализи која нуди длабински увид во хромозомскиот состав на човекот. Со помош на примерок од периферна крв, се анализира бројот и структурата на хромозомите, што овозможува откривање на анеуплоидии, транслокации, дупликации, делеции и мозаицизми – абнормалности кои често се поврзани со проблеми со плодноста и повторливи спонтани абортуси.
Болница Плодност е приватна болница и работи 24/7, меѓутоа за повеќе информации или закажување на термин, обратете се кај нашите оператори.
Работно Време
ПОН – ПЕТ: 08:00 – 19:00
САБ: 08:00-13:00
+389 (0)47 208 880
+389 (0)75 472 503
Работно Време
ПОН – ПЕТ: 08:00 – 13:30
САБ – НЕД: ЗАТВОРЕНО
+389 (0)47 208 886
ул. Асном бр.9
Битола, Северна Македонија
Кликни тука да закажете преглед кај доктор.