26-тиот конгрес на Балканската федерација на клинички лаборатории (БТЛФ)
На 26-тиот конгрес на Балканската федерација на клинички лаборатории (БТЛФ), кој годинава се одржа од 3-5 октомври во Скопје, научна презентација со своја тема под наслов „Проблеми со хипертензија во бременост“ имаа д-р Данче Коларовска, магистер фармацевт, специјалист по медицинска биохемија и д-р Марија Христовска, специјалист гинеколог акушер од Болница „Плодност“ во Битола. Учесник на овај меѓународен конгрес беше и Владимир Белевски, фармацевт во Болница „Плодност“.
Новите научни сознанија на нашите доктори и фармацевти од овој конгрес ќе бидат ново дополнување во секојдневната практична работа, во корист на пациентите, кои веќе одамна ги препознаваат квалитетните здравствени услуги кои им ги нуди Болница „Плодност“.