VIII Конгрес со меѓународно учество на здружението на анестетичари во Србија

VIII Конгрес со меѓународно учество на здружението на анестетичари во Србија

30 октомври 2018

Тимот на Болница „Плодност“ секогаш e подготвен за едукација, но и за размена на своите знаења и искуства, како во државата, така и надвор од неа. Претставник на Болница „Плодност“ учествуваше на VIII Конгрес со меѓународно учество на здружението на анестетичари во Србија, кој се одржа во Панчево, од 11 до 14 октомври 2018 година.

Наша претставничка беше Билјана Марковска, дипломирана медицинска сестра и специјалист за интензивна нега, вработена во одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Таа ја презентираше темата „Хиповолемичен шок“, со која прикажа дел од работното искуство и начинот на кој се третираат пациентките во нашата болница, по најсовремени протоколи. Темите и искуствата кои ги споделуват нашите вработени на стручни и едукативни собири секогаш привлекуваат интерес и внимание, па така беше и овој пат. Свои искуства од работата во одделите за анестезија споделија предавачи – анестетичари од: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словачка, Чешка и Македонија.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


© 2024 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK