Позитивна бременост кај три пациентки на иста возраст – различни дијагнози, ист исход
4 август 2025

Три различни ИВФ приказни, три успешни резултати
Во Болница Плодност, секој ден е сведоштво за надеж, медицинска прецизност и индивидуален пристап. Денес ја споделуваме исклучителната приказна на три пациентки – сите на 32 години кои иако со различни дијагнози и третмани, стигнаа до ист резултат: потврдена бременост.
Овие случаи се доказ дека кога третманот е персонализиран, а тимот е посветен, успехот следи.
Пациентка 1: Предвремено затајување на јајниците
Пациентка на 32 години, во брак 2 години, дојде со дијагноза на предвремено затајување на јајниците, состојба каде функцијата на јајниците престанува пред 40-тата година, што значително го намалува фертилниот потенцијал.
Применет беше третман со донирани јајце-клетки.
Бременоста беше потврдена со ултразвук на 5 недела и 5 дена, со присуство на близнаци.

Пациентка 2: Запушени јајоводи и хормонален дисбаланс
Пациентка на 32 години, во брак 3 години, со комбиниран машки и женски фактор, како и дијагностицирани запушени јајоводи.
Во циклусот кога требаше да се прави трансферот, беше измерено високо ниво на прогестерон – состојба која го намалува успехот на имплантација.
Како резултат, ембрионот беше замрзнат како бластоциста на 5-ти ден. По два месеци, направивме прецизна подготовка на ендометриумот и го извршивме трансферот во оптимален момент.
Бременоста беше потврдена на 5 недела и 2 дена.

Пациентка 3: Ниска оваријална резерва
Пациентка на 32 години, во брак 10 години, со намалена оваријална резерва (AMH 0.1), состојба каде јајниците произведуваат многу малку квалитетни јајце-клетки.
По претходно неуспешен обид, второто ИВФ беше спроведено со прецизно прилагоден протокол според индивидуалните хормонски вредности и реакција на стимулација.
Бременоста беше потврдена на 4 недела и 6 дена.

Што ги поврзува овие три приказни?
Иако различни по дијагноза и пристап, сите три пациентки имаа заеднички елементи:
-
персонализиран третман
-
континуирано следење
-
поддршка од искусен ИВФ тим
-
најсовремена лабораторија
-
грижа за секој медицински и емоционален детаљ
Во Болница Плодност, секоја приказна започнува со слушање, планирање и водење со доверба.
Дознајте повеќе:
-
Дознајте повеќе за нашата ИВФ програмата
-
Закажете консултација