Гордост за Битола: Србија го награди докторот што ги зголемува семејствата во Алексинац
11 јуни 2025

Со особена чест ја споделуваме веста дека основачот и директор на Болница Плодност, прим. д-р Таше Трпчевски, доби највисоко јавно признание – Плакета од Општина Алексинац, Србија, за исклучителен придонес во зголемување на наталитетот и подобрување на здравствената грижа во регионот.
Комисијата за доделување јавни признанија едногласно ја донесе одлуката, препознавајќи ја неговата улога како пионер во областа на репродуктивната медицина и минимално инвазивната хирургија. Признанието беше доделено заедно со неколку награди на истакнати институции и поединци кои оставиле траен печат во развојот на општината.
Во последните неколку години, Болница Плодност бележи континуиран пораст на пациенти кои доаѓаат од Алексинац и поширокиот регион на Србија. Благодарение на постигнатите резултати, особено во рамки на ИВФ програмите и 3D лапароскопската хирургија, досега сме помогнале на повеќе од 300 српски семејства да го остварат својот сон за потомство.
Ова признание уште еднаш потврдува дека мисијата на Болница Плодност надминува национални граници – каде и да има потреба, таму постои и одговорност. Горди сме, но истовремено и свесни дека обврската е сè поголема: да продолжиме со иста посветеност, иновации и грижа за секој пациент.
Во име на прим. д-р Таше Трпчевски и целиот тим на Болница Плодност, упатуваме голема благодарност до Општина Алексинац за ова значајно признание.