Болница Плодност му посакува среќен 70-ти роденден на својот основач Прим. д-р Таше Трпчевски
3 јуни 2025

Оваа година, Прим. д-р Таше Трпчевски, основач и директор на Болница Плодност, го одбележа својот 70-ти роденден – јубилеј кој не претставува само личен момент, туку и заедничко славење на вредностите, визијата и наследството што ги оставил зад себе.
Човекот што ја смени медицината во Македонија
Во текот на својата кариера, Д-р Трпчевски воведе клучни новитети во македонското здравство – од првата примена на оперативна лапароскопија во 1995 година, до основањето на првата ИВФ програма во Битола во 2003 година. Резултатите се мерат во бројки, но ефектот е личен: над 3000 семејства, над 8000 ИВФ постапки, и безброј животи кои го носат неговиот потпис во основата.
Градител на институција, носител на вредности
Болница Плодност денес не е само медицинска установа. Таа е институција изградена врз емпатија, доверба и резултати – вредности кои директно произлегуваат од карактерот и начинот на работа на Д-р Таше Трпчевски. Како визионер и ментор, тој инспирира генерации лекари, медицински сестри и млади професионалци да бидат повеќе од технички совршени – да бидат луѓе во службата на животот.
Празник исполнет со благодарност
„Синоќа го прославивме мојот 70-ти роденден. Еден јубилеј исполнет со љубов, спомени и лица кои го обележаа мојот животен пат,“ изјави Д-р Таше Трпчевски на свеченоста.
„Благословен сум. Благодарен сум. На секој што дојде, што подаде рака, што уживаше во мојот ден, што со своето присуство го направи овој ден незаборавен.“
Во својот говор пред гостите, ја сподели и една мисла која одамна ја носи во себе:
„Животот е како воз. Се качуваме и патуваме… На некои станици се качуваат луѓе, со добри и искрени намери за нас и оние со не толку добри. Некои остануваат засекогаш, стануваат семејство. Други нè напуштаат. Но секој остава траг. И така возот патува и патува до секоја наредна станица...“
Гледајќи напред – со нова енергија
Иако роденденот беше повод за ретроспектива, тој исто така означи почеток на нова декада. Во своето обраќање, Д-р Таше јасно порача:
„На професионален план нема запирање! Сѐ уште имам многу соништа, идеи и цели за остварување во наредните 10 години. Ајде заедно да се подготвиме за следната прослава за 80 години. Имаме многу што да направиме и оствариме до тогаш.“
Особено се заблагодари на сите пациенти и следбеници за искрените честитки и пораки преку социјалните мрежи:
„Ова беше само потврда за мене, за која сум бескрајно радосен – а тоа е дека кога се вложуваш со љубов, животот ти возвраќа со љубов.“
Плодност продолжува – со почит кон основата
Тимот на Болница Плодност од срце му честита на основачот, визионерот и учителот – човекот кој не само што постави институционални темели, туку и култура на грижа што живее во секоја постапка, секој случај, секој нов живот.
Нека годините што доаѓаат бидат полни со здравје, спокој и нови успеси. Од срце благодариме за сè.
Болница Плодност, Битола – институција основана со визија, водена со срце. Повеќе информации на 047 208 880.




