Нови искуства за машкиот стерилитет во Болница ПЛОДНОСТ Битола

Нови искуства за машкиот стерилитет во Болница ПЛОДНОСТ Битола

3 април 2019

Дел од ИВФ тимот од Болница “Плодност” учествуваше на големо научно збиднување за машкиот стерилитет во Белгија. Ембриолозите-андролози Горан Стефановски и м-р Стефан Матиќ, како единствени претставници од нашата земја, имаа можност да се здобијат со многу нови знаења и вештини, да ги прошират своите сознанија и да разменат искуства со водечките авторитети од полето на машката неплодност.

На 29 и 30 март во Гент, Белгија од страна на Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија (ESHRE) и Групата за андрологија (SIG Andrology) беше организирана кампус работилница под наслов „Машки стерилитет: широка слика” („Male infertility: the broad picture). Работилинцата беше модерирана и водена од страна на д-р Џексон Киркман-Браун од Универзитетот во Брајгам, Англија и д-р Николас Гаридо од Институтот за неплодност при Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Петнаесетина врвни научници и клиничари од областа на андрологијата и машкото репродуктивно здравје одржаа свои предавања и ги споделија најновите сознанија пред присутните учесници. Учествуваа околу 150 истражувачи, андролози, уролози, генетичари и специјалисти за ИВФ од цела Европа, како и САД, Австралија, Јапонија, Израел и Малезија.

„Меѓу останатите теми, голем акцент беше ставен на значењето на ХПВ инфекциите кај мажите и неопходноста за нивно дијагностицирање и третман, како една од причините која може да доведе до неплодност кај мажите, а кај паровите кои немаат машки фактор на стерилитет го зголемува времето до забременување и ризикот за спонтан абортус. Андролошкиот оддел во нашиот ИВФ центар веќе започна со подготовка за имплементација на ваква скрининг програма, според моделот кој беше прикажан од страна на еминентен професор од Италија. Исто така, доста се зборуваше и за влијанието на загадувањето на воздухот, начинот на живот и исхраната врз плодноста на мажот. Сите штетни фактори од средината и нездравите навики имаат негативни последици врз репродуктивното функционирање на мажите, и мора да се земат предвид при евалуацијата на паровите со стерилитет“, рече м-р Стефан Матиќ, ембриолог-андролог во Болница „Плодност“.

Посебно беа презентирани можните несакани последици врз плодноста на мажот кои можат да произлезат од примената на спортски додатоци и справувањето со истите.

Врвни клиничари ги презентираа најновите протоколи за менаџирање на пациенти со азооспермија. Беа прикажани пософистицирани и понапредни оперативни методи за изведување на тестикуларна спермална екстрација (ТЕSE), а беа демонстрирани и поефективни методи за микроскопско пребарување и обработка на тестикуларните биопсии за андролошката лабораторија, кои ќе започнат да се применуваат во нашиот ИВФ центар, а со кои се зголемува веројатноста, доколку се создаваат сперматозоиди во тестисите, истите поефикасно и поуспешно да се пронајдат“, посочи ембриологот Горан Стефановски.

Нашите емрбиолози-андролози активно учестуваа во дискусиите на случаи, каде експертите од цел свет споделуваа свои размислувања и препораки за водење и решавање на разни случаи на пациенти со стерилитет. Исто така беа дадени и препораки за правилно интерпретирање на резултатите од лаборатиските испитувања кај мажот и нивното значење за целокупниот процес на третирање брачната неплодност. Со оваа надоградба на најсовремени искуства на ембриолошкиот тим, Болница „Плодност“ останува на врвот на клиниките кои имаат решение за машкиот стерилитет во целиот регион.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK