Four Years Later Two Smiles That Mean Everything

Четири години подоцна: две насмевки што вредат повеќе од сè

Четири години по успешниот IVF третман во болницата Плодност, семејството се вратило со своите ќерки близначки. Прочитајте ја целата приказна за надежта и животот.

Четири години подоцна: две насмевки што вредат повеќе од сè

5 август 2025
4-years-later-after-birth-twins-1200x1200.jpg
Средба што носи емоција, спомени и потврда за секој вложен ден
Во Болница Плодност, секој нов живот што започнува преку нашата ИВФ програма е посебен. Но кога тие животи растат, се смеат и повторно нè посетуваат – тогаш чувството е незаменливо.
 
Пред неколку дена, повторно ја почувствувавме таа среќа. Во нашата болница пристигнаа две девојчиња, близначки, кои пред четири години беа само надеж и тивка желба во срцата на нивните родители. Денес тие се живи, весели, љубопитни, полни со живот – и со насмевки што вредат повеќе од сè.
 
Од дијагноза до резултат: што значи да се помине ИВФ патот
Семејството дојде во Плодност по неколку години неуспешни обиди за бременост. Дијагнозата не беше едноставна, но пристапот беше внимателен, научно базиран и целосно индивидуализиран.
 
Терапијата беше започната со детална хормонска евалуација, следена со стимулација прилагодена на телото на пациентката. Во текот на циклусот, беа добиени неколку зрели јајце-клетки кои беа оплодени во нашата лабораторија. Ембриолозите внимателно ги следеа првите денови од развојот на ембрионите.
 
На третиот ден, беа вратени два ембриона. По само неколку недели, ултразвукот покажа две срца. Радоста беше огромна.
 
Twins Ivf Dr Tashe Love Twins Birth Success Plodnost Tashe Ivf Success 4 Years Later Twins
 
Четири години подоцна: вистинската награда
Кога ги видов повторно, овие две девојчиња беа сè што може да се посака. Радост, благодарност и емоција – сето тоа се чувствуваше во неколку секунди. Нивната мајка со гордост ги раскажуваше деталите од бременоста, породувањето, а ние слушавме со искрена радост.
 
Овие средби нè потсетуваат зошто го работиме ова. Зошто вложуваме долгогодишна едукација, деноноќна посветеност и постојано усовршување. Токму ваквите резултати, кога среќата има име, глас, чекор и насмевка, се најголемата потврда дека Плодност е многу повеќе од медицинска институција.
 
Што ги прави нашите ИВФ приказни посебни?
Тотално индивидуализиран третман
Искусен ИВФ тим со врвни специјалисти
Напредна технологија и лабораториски услови
Постојана комуникација и психолошка поддршка
Континуитет во следење и доверба помеѓу пациент и лекар
 
Дознајте повеќе:
Дознајте повеќе за нашата ИВФ програмата
Закажете консултација

 

Контакт

Закажи Преглед

Администрација Работно Време
ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00


Ординација по Педијатрија

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK