Femoflor Screen Анализа

Femoflor Screen тестот овозможува детекција на облигатни анаеробни микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.),вируси (Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus), како и Chlamydia и Mycoplasma genitalium кои инаку бараат специфични услови за раст на култури или воопшто не можат да бидат култивирани.

Femoflor Screen Анализа

16 април 2021
Plodnost_0093_P3070432.jpg

Вагиналниот микробиом претставува комплексен динамичен систем врз чиј состав влијаат одредени фактори како возраст, сексуална активност, хормонален статус, користење на хормонска терапија, орални контрацептиви или антибиотска терапија. Во вагиналната флора кај здрави жени доминираат lactobacilli-те кои се индикатори за присуство на нормална микрофлора. Вагиналната дизбиоза може да биде предизвикана од намножување на анаеробни микроорганизми, микоплазми, квасци како и патогени микроорганизми.

Plodnost Femoflor 1024x837

Femoflor Screen тестот овозможува детекција на облигатни анаеробни микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.),вируси (Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus), како и Chlamydia и Mycoplasma genitalium кои инаку бараат специфични услови за раст на култури или воопшто не можат да бидат култивирани. Детекцијата на сите овие микроорганизми е можна со само неколку часовна анализа при која се врши екстракција на нуклеинската киселина од микроорганизмите присутни во примерокот и нејзина амплификација со Multiplex Real Time PCR методата.

Femoflor Screen Real Time PCR анализата овозможува квантитативна детекција на вкупната бактериска маса, lactobacilli-те, анаеробните микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.), Candida spp., Ureaplasma spp., Mycoplasma hominis, како и квалитативна детекција на патогените микроорганизми како Mycoplasma genitalium, Trichomonas vaginalis, Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis и вирусните паготени – Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus.

Сексуално преносливите патогени може да доведат до неплодност и до зголемен ризик за спонтан абортус, така што оваа анализа е погодна за детекција на ваквите патогени микроорганизми. Femoflor Screen анализата е погодна за жени во репродуктивна возраст, бремени жени како и за жени во менопауза кои примаат хормонална терапија, што овозможува следење на ефектот од оваа терапија врз вагиналната флора.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


© 2024 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK