Затворени јајцеводи и потрошена оваријална резерва – резултат: близнаци по ИВФ третман!
25 јуни 2025

Кај многу брачни парови, патот до бременост не е секогаш едноставен. Може да биде долг, непредвидлив и исполнет со медицински и емоционални предизвици.
Во овој блог ви претставуваме две вистински ИВФ приказни – една од пациентка од Македонија со затворени јајцеводи, и друга од пациентка од Белгија со речиси потрошена оваријална резерва. На прв поглед – случаи со многу ограничени шанси за успех. Но исходот – близнаци во двата случаи – зборува за нешто сосема друго.
🎙️ Во видеото, Прим. д-р Таше Трпчевски детално објаснува како дојдовме до овој резултат – преку:
-
Темелна дијагностика
-
Индивидуално прилагодени ИВФ протоколи
-
Прецизно следење на циклусите
-
Постојана комуникација и грижа
Она што ги прави овие приказни посебни не се само близначињата, туку патот до нив – борбата, отпорот, и вербата што не згасна.
Во Болница Плодност, секој случај го третираме индивидуално. Затоа што зад секој број се крие лице, приказна и нереализирана желба.
-
Како ги третираат сложените ИВФ случаи
-
Кои фактори влијаат на успех дури и при тешки дијагнози
-
И зошто вербата е клучен дел од секоја ИВФ терапија