УСПЕШНО ПОРОДУВАЊЕ КАЈ МАЈКА СО ПРЕТХОДНО ПОСТАВЕН АБДОМИНАЛЕН СЕРКЛАЖ ПО ЛАПАРОСКОПСКИ ПАТ ВО ТЕК НА БРЕМЕНОСТА
8 мај 2022
Уште еден голем успех на тимот на Болница Плодност, на кој сме особено горди.
Успешно заврши породувањето на мајка, со претходно изведен абдоминален серклаж, по лапароскопски пат во 12-тата гестациска недела.
Поради конгенитална слабост на внатрешното устие на матката и покрај поставените вагинални серклажи, претходните две бремености на пациентката завршуваа со спонтан абортус, во 20-25 гестациска недела на плодот.
Единствен начин пациентката да го задржи плодот, беше поставување на абдоминален серклаж по лапароскопски пат, што за прв пат е направен во Македонија од страна на д-р Христијан Трпчевски, со асистенција на д-р Сотир Ропи.
Денес имаме сосем друга приказна. Во 34 гестациска недела, родено е витално машко бебе со родилна маса 2310 грама со царски рез.
Во искуството на медицинскиот тим на Болница Плодност има повеќе породени мајки со претходно интра абдоминални серклажи со лапаратомија (класична операција) кај бремени жени и превентивни лапароскопски серклажи кај небремени жени со вродена слабост на внатрешното устие на матката.
Се гордееме што запишавме историја – за прв пат поставен интра абдоминален серклаж за време на бременост по лапароскопски пат во нашата држава и успешно завршување на раѓање со здрав плод.
Светски стандарди, применети во нашата држава. Во Болница Плодност, се е можно!