ПАП тестот претставува цитолошко испитување на примерок земен од површината на грлото на матката и цервикалниот канал за време на рутински гинеколошки преглед. Земениот материјал се фиксира и се испраќа во специјализирана лабораторија за анализа од страна на сертифициран патолог. Со примена на специјални техники за боење и микроскопска анализа, патологот дава заклучок за видот и степенот на клеточните промени на површината на грлото на матката и почетокот на цервикалниот канал.
Овој преглед не бара посебна подготовка. Најчесто се изведува во првите неколку дена по завршување на редовниот менструален циклус. Резултатите се достапни во рок од неколку работни дена и пациентката ги добива по консултација со својот гинеколог.
Редовното извршување на ПАП тестот е клучно за превенција на преканцерозни и канцерозни заболувања на грлото на матката. Овој тест овозможува навремено откривање на жени со зголемен ризик за одредени клеточни промени, по што може да се препорачаат дополнителни клинички испитувања како што се колпоскопија и биопсија.
Во Болница Плодност, ПАП тестот се изведува во пријатна средина со најсовремена опрема од страна на високо квалификувани специјалисти. За повеќе информации за начинот и времето на изведување на ПАП тест, контактирајте го вашиот доктор или јавете се нa +389 (0)47208880
Специјалист гинеколог - Субспецијалист за стерилитет и инфертилитет
Медицинска сестра
Одговорна мед. сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра
Медицинска сестра