Лапароскопска гинеколошка операција во живо, пред полна конференциска сала

Лапароскопска гинеколошка операција во живо, пред полна конференциска сала

26 ноември 2024
img-8869-1200x900.jpg

Деновиве во Скопје во хотелот Холидеј ин, се одржа симпозиум за микроинвазивна хирургија во гинекологијата и акушерството во Македонија со присуство на странски предавачи.

Прим. д-р Таше Трпчевски беше предавач и со слајдови и видеопрезентација ги изнесе досегашните искуства на Болница Плодност за примената на микроинвазивната хирургија- лапароскопија и хистероскопија кај гинеколошките заболувања.

Во исто време, д-р Христијан Трпчевски директно од оперативната сала во болницата од Битола, ВО ЖИВО, демонстрираше оперативен зафат кај пациентка со гинеколошко заболување - вадење на матка и лимфни жлезди.

"Ме радува фактот што е ова прва ваква презентација во живо во Македонија од оперативна сала, тешка и сложена операција со вадење на лимфните жлезди околу крвните садови. Прво би истакнал дека вакви операции по лапароскопски пат многу малку гинеколози прават во Македонија, а второ, за прв пат во живо е пренесувана оваа сложена и деликатна операција, пред голем аудиториум на стручњаци од оваа област. Да имате храброст и би рекол дрскост да ја презентирате оваа технологија пред компетентни лица кои ја разбираат оваа проблематика, значи дека добро ја владеете оваа техника и имате вештина и знаење за нејзино изведување.

Сакаме нашето знаење и искуство да го пренесеме и на сите останати колеги кои се заинтересирани за оваа проблематика, нонкстовремено и да ги увериме и запознаеме сите останати колеги дека болницата Плодност стана референтен центар за т.н. Напредната лапароскопска хирургија Во иднина се надевам ова ќе ни стане пракса во живо да пренесуваме операции на други симпозиуми,секции и конгреси", вели д-р Христијан Трпчевски експерт во областа на ендоскопската микроинвазивна хирургија.

 Img 8877 Img 8876 Img 8875


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


© 2024 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK