Tr Id 1444127896506162 Amp Ev Pageview Amp Noscript 1

Зошто превентивниот кардиолошки преглед може да ви го спаси животот?

Зошто превентивниот кардиолошки преглед може да ви го спаси животот?

4 Shtator 2026
dr-shishkovska-plodnost-intermed-1200x1499.jpg

Превентивните прегледи се основниот столб во борбата против кардиоваскуларните заболувања, со оглед на тоа што најголемиот дел од овие состојби (атеросклероза, покачен крвен притисок, дислипидемија) со години се развиваат подмолно и без никакви манифестни симптоми, вели Д-р Елена Шишковска-Степановска од Плодност Интермед.

Според неа, атеросклеротичниот процес започнува децении пред да се појави првиот клинички настан, како што се миокарден инфаркт или акутен мозочен удар. Затоа, навремената проценка на кардиоваскуларниот ризик овозможува рана детекција на факторите на ризик пред да настанат иреверзибилни структурни или функционални оштетувања на васкуларниот систем. Таа додава дека од голема важност се превентивните прегледи и откривањето на асимптоматски состојби- како висок крвен притисок („тивок убиец“) или атерогена дислипидемија кои ретко даваат рани предупредувачки знаци.

Unnamed File

Пресметување на вкупниот кардиоваскуларен ризик-преку скорирање на сите ризик фактори, превенција на органски оштетувања-навременото контролирање на притисокот и липидите спречува левокомпресорска хипертрофија, ретинопатија, нефропатија и периферна артериска болест.

Според Д-р Шишковска-Степановска, индивидуализација на терапијата и животниот стил, овозможува модификации на исхрана, физичка активност, прекин на пушење и навремена фармакотерапија (статини, антихипертензиви).Честотата на прегледите зависи од возраста на пациентот, фамилијарната анамнеза и присуството на коморбидитети (дијабетес, хипертензија, бубрежна инсуфициенција…).

Па така кај пациентите од 20-29 годишна возраст се препорачуваат прегледи на секои три до четири години.

Пациентите над 40 години и пациентите со висок ризик, да ги прават еднаш годишно, а кај пациенти со потврдени кадрдиоваскуларни заболувања на 3 до 6 месеци, посочува Д-р Елена Шишковска-Степановска.
Плодност Интермед обезбедува прецизна дијагностика и подготовка за кардиоваскуларни и венски интервенции, со стандарди што се споредуваат со водечките европски центри.

📞 075 758 492.
🌐 www.intermed.mk
📍 Плодност Интермед-во склоп на Болница Плодност, Влез 2

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.