Д-р Камбовска со нови сознанија за исхраната кај децата
Во организација на Европското здружение за педијатриска гастроентерологија, хепатологија и исхрана, од 09-12 мај се одржа годишен конгрес во Женева, Швајцарија. На конгресот како претставник на Болница „Плодност“ присуствуваше д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар.
На конгресот беа разработени повеќе теми од областа на гастро-ентерохепатологијата, но особено важни беа темите посветени на исхраната. Беа презентирани поголем број нови научни истражувања во однос на начинот на исхрана кај децата, употребата на витаминот Д, правилните насоки и ставови по однос на исхраната и др.
Овие најнови научни достигнувања особено се важни во секојдневната работа на д-р Камбовска, која покрај здравствената состојба на децата, особено внимание посветува на начинот на исхрана. Таа ќе може да им даде нови насоки и правци за текот на исхраната кај нецата не само во текот на секојдневието, туку и при одредени заболувања. Ова е уште еден пример од низата усовршувачки знаења на нашиот персонал, кој секогаш преку едукација ги следи најновите чекори во современата медицина.