Зошто е задолжителен ПАП тестот барем еднаш годишно
6 август 2025

Во современата гинеколошка пракса, редовниот ПАП тест претставува еден од најефикасните начини за превенција од рак на грлото на матката. И покрај тоа што тестот трае само неколку минути, неговото значење за здравјето на жената е од огромно значење.
Во Болница Плодност, гинеколозите д-р Марија Христовска и д-р Благојче Обедниковски, дел од тимот со најголемо искуство во регионот, секојдневно нагласуваат: редовната превенција спасува животи.
Што е ПАП тест?
ПАП тестот (Папаниколау тест) е неинвазивен метод со кој се анализираат клетки од грлото на матката за да се откријат евентуални абнормални промени, преканцерозни состојби или присуство на човечкиот папилома вирус (HPV).
Тестот е едноставен, безболен и трае неколку минути, но со него може да се откријат промени кои не даваат никакви симптоми, а доколку не се третираат, може да доведат до сериозни заболувања.
Зошто е важен?
Постојат неколку клучни причини зошто секоја жена треба да направи ПАП тест барем еднаш годишно:
-
Редовните ПАП тестови го намалуваат ризикот од рак на грлото на матката до 70 проценти.
-
Навремено откриените преканцерозни промени се целосно излечливи.
-
Со еден тест се откриваат и скриени воспаленија, HPV инфекција и други аномалии кои често поминуваат незабележано.
Кога треба да се прави?
Според препораките на гинеколозите:
-
Секоја сексуално активна жена треба да започне со редовни ПАП тестови од 21 година.
-
Тестот треба да се повторува најмалку еднаш годишно, а во одредени случаи и почесто, по препорака на лекар.
-
Жените кои имаат позитивен HPV тест или претходни абнормални резултати, треба да бидат под редовна контрола.

Што ако немате симптоми?
Најголемата грешка што жените ја прават е да мислат дека, ако немаат симптоми, не им е потребен гинеколошки преглед. Поголемиот дел од преканцерозните промени не даваат симптоми во раните фази.
Токму затоа редовната контрола е единствениот начин за навремена дијагностика.
Препорака од нашиот тим
„Редовниот гинеколошки преглед и ПАП тестот можат да спречат огромни здравствени компликации. Не чекајте симптоми, проверете се барем еднаш годишно,“ вели д-р Марија Христовска.
Во Плодност, секоја пациентка добива персонализирана грижа, преглед без чекање и брзи резултати. Нашата мисија е превенција, доверба и грижа за секоја жена.