Добредојде Леонор – уште едно успешно породување во вода во Болница Плодност

Во Болница Плодност секое породување е посебна приказна, но породувањето во вода секогаш носи еден дополнителен елемент на нежност, смиреност и природен тек. На свет го пречекавме малиот Леонор – роден по природен пат, во вода, во присуство на тимот што со години го негува овој пристап со посветеност и стручност.
На раѓањето учествуваа Д-р Владко Ѓорѓиевски, Прим. Д-р Аница Апчевска Василева, медицинска сестра Наташа Момоковска и медицинска сестра Александра Степановска. Искусниот тим обезбеди непречено, безбедно и мирно породување и за мајката и за бебето.
Леонор е родена во 12:26 часот, тешка 2930 грама и 46 сантиметри. Здраво и силно новороденче, добредојдено во светот на најнежниот можен начин.
Породувањето во вода претставува избор кој се повеќе жени го препознаваат како природен, смирен и позитивен начин за дочек на новиот живот. Под одредени медицински услови и внимателна проценка, овој пристап е безбеден и има бројни придобивки за мајката и бебето.


Предности на породувањето во вода:
- Намалена болка и потреба од медикаменти
- Смирена атмосфера за мајката
- Полесен премин за бебето при раѓање
- Поголема подвижност на родилката
- Побрзо закрепнување
Тимот на Болница Плодност со радост ја споделува оваа среќна вест и упатува топло добредојде на свет за Леонор. Ова е уште една потврда за нашата посветеност да нудиме современи, природни и безбедни опции за породување, каде хуманоста и професионалноста се водечки вредности.
На мајката ѝ посакуваме лесно закрепнување, а на Леонор – живот исполнет со љубов, здравје и среќа.