Породување во вода во болница Плодност

💧 Второ породување во вода – истата болница, истиот доктор, на истиот ден со истата позитивна енергија
Некои моменти во животот навистина не се случајни!
Пред пет години, на истиот ден во 2020-та, Вишна за првпат го избра д-р Владимир Поповски за своето породување во вода во Болница Плодност. Вчера, на 10.02.2025, повторно се врати на истото место, со истиот доктор, носејќи нова радост во своето семејство.
💡 Породувањето во вода е природен метод кој ја намалува болката, обезбедува поголема релаксација и го прави искуството попријатно за мајката и бебето. Топлината на водата ги олеснува контракциите, додека поддршката од медицинскиот тим обезбедува максимална сигурност.


🔹 Во Болница Плодност се нуди единствената можност за породување во вода во Македонија, под водство на тим од искусни лекари и акушерки.
Во 12:00 часот Вишна влезе во базенот за породување, а во 1:30 часот во своите раце го држеше малиот Огнен. „Дојдов од Кавадарци на кафе во Битола, а си заминувам со бебе во прегратка и срце полно љубов“, вели таа со насмевка.
✨ Честитки за мајката и семејството од тимот на Болница Плодност – лидер во природното и безбедно породување.