Природно породување во вода во Болница Плодност: Сѐ повеќе мајки го избираат овој пристап
31 мај 2025

Сѐ поголем број жени во Македонија се интересираат за природно породување во вода – метод кој овозможува помирен, понежен и поприроден влез на новороденчето во светот. Во Болница Плодност, со гордост ја нудиме оваа опција како единствена установа во државата која континуирано ја практикува водната метода за породување, согласно најдобрите светски акушерски практики.
Добредојде, Методи - Тој е роден мирно во вода
На нашата пациентка Елена ѝ честитаме од срце, а на нејзиниот син Методи, роден во 14:05 часот, му посакуваме добредојде на свет. Таа самостојно го избра породувањето во вода како метод кој ѝ одговара најмногу – одлука која ја поддржавме со целосна посветеност, стручност и нега.
Со ова породување, семејството на Елена и Методи стана дел од зголемениот број мајки кои избираат да се породуваат во вода, под надзор на нашиот исклучително искусен тим.
Зошто се избира породување во вода?
Породувањето во вода нуди низа бенефити и за мајката и за новороденчето:
Намалена болка и поголема релаксација без потреба од медикаменти
Подобра подвижност за родилката во текот на породувањето
Природна транзиција за бебето – од амниотската во водната средина
Помал ризик од епизиотомија и интервенции
Поголемо чувство на контрола и приватност за мајката


Во Болница Плодност, ваквото породување се изведува само кога се исполнети сите медицински критериуми, и во строго контролирани услови со постојано присуство на акушер, анестезиолог и неонатолог.
Единствени во Македонија со континуирана програма за породување во вода
Нашиот тим беше првиот кој ја имплементираше оваа метода во земјата, и до денес остануваме единствениот центар во кој ваквиот тип породувања се изведуваат со рутинска подготовка и професионализам. Од првиот случај, досега сме реализирале над 250 породувања во вода, со извонредни резултати и позитивни искуства од нашите пациентки.
Со стручност, емпатија и внимателна организација, обезбедуваме услови кои одговараат на секоја мајка што сака поинакво искуство од традиционалното породување.
Болница Плодност е лоцирана во Битола и претставува водечки центар за акушерство и неонатологија во Македонија. Дознајте повеќе за породувањето во вода или закажете консултација на 📞 047 208 880.