Породување во вода

Кога за првпат во Македонија го воведовме породувањето во вода кое сеуште и денес се изведува единствено во Болница Плодност, нашата цел беше да им овозможиме на жените помирно, побезбедно и помалку болно породување.
Водата му помага на телото природно да се прилагоди на процесот, ги намалува болките и овозможува поголема релаксација, додека бебето доаѓа на свет во средина што наликува на утробата на мајката. Ова е метод со бројни придобивки за мајката и новороденчето.
Во Плодност веруваме дека секоја жена заслужува најдобар избор, удобност и грижа. Затоа остануваме посветени и продолжуваме да бидеме пионери во воведувањето на најсовремените методи во гинекологијата и акушерството со цел да овозможиме попријатно и помалку болно искуство, како и побрзо опоравување за нашите пациенти.
Застарените методи веќе не можат да одговорат на предизвиците на денешното здравство, без најновите методи и технологија грижата за пациентите не може да оди напред!
Телефонски број за закажување термин
📞047 208 880
