VNOTES хистеректомија: Прва во Македонија, само во Плодност
17 јуни 2025

Кога пред неколку години за првпат ја воведовме VNOTES хистеректомијата (вагинален природен пристап со ендоскопска поддршка) во Македонија, го поставивме темелот за ново ниво на минимално инвазивна хирургија. До ден-денес, Болница Плодност останува единствената болница во земјава што ја изведува оваа напредна процедура.
Оваа техника ја совладав како дел од напредна едукација во болницата Imelda во Bonheiden, Белгија, под менторство на проф. Jan Baekelandt, пионерот на VNOTES хирургијата. Таму, минимално инвазивната и роботска хирургија е веќе дел од секојдневието. Нашата визија беше јасна: да ја направиме грижата за жените во Македонија поинтелигентна, побрза и попријатна, според највисоките европски стандарди.
Со тимот во Плодност, ја изведовме првата VNOTES хистеректомија во Македонија, целосно без резови на абдоменот – пристап преку природен отвор, што значи:
Нема лузни
Минимална болка
Брз опоравок за само неколку дена
Оваа метода овозможува исклучителна прецизност, со значително намален ризик од инфекции или хернии, токму затоа што кожата и мускулатурата не се сечат. Пациентките се отпуштаат 30–50% побрзо во споредба со класичната лапароскопија или абдоминална хистеректомија.
Не е ова техника што може секој веднаш да ја изведува – потребни се месеци интензивен тренинг, анатомска ориентација од нова перспектива, и техничка стабилност.
И не се работи само за хистеректомија. Денес со VNOTES пристапот во Плодност успешно ги изведуваме и:
-
Отстранување на јајчникови цисти
-
Отстранување на јајцеводи
-
Лекување на ектопична (надворматерична) бременост
Сето тоа со минимална траума, без видливи лузни, и со најмодерниот пристап кој жените низ Европа веќе го добиваат – сега и кај нас.



