“Ултразвучно-базирани апликации: од анализа до синтеза” симпозиум во Капарика – Португалија

“Ултразвучно-базирани апликации: од анализа до синтеза” симпозиум во Капарика – Португалија

18 јуни 2018

Стручноста и научното образование кое докторите во Болница „Плодност“ го применуваат и на своите пациенти, е препознатлива и призната насекаде во светот. Доказ за тоа се поканите од организаторите на врвни светски конгреси и научни собири, упатени до стручниот тим на болницата.

Од 11 до 14 јуни, во градот Капарика во Португалија, се одржа 3-тата Интернационална конференција на тема „Ултразвучно-базирани апликации: од анализа до синтеза“. На оваа конференција, на која присуствуваа голем број учесници од целиот свет, предавачи беа врвни светски имиња од областа на медицината, науката и технологијата.

На покана на организаторите на конференцијата, свое предавање одржа и д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во Болница „Плодност“, на тема „Микциона уросонографија со второгенерациски контраст (Sonovue) за дијагноза на везикоуретерален рефлукс: прва пилот студија“. Оваа тема наиде на одличен прием од страна на учесниците на конференцијата, особено затоа што е базирана на практичната работа на д-р Камбовска.

Ова е уште еден во низата успеси на докторите од Болница „Плодност“, како доказ на светски признати специјалисти, кои своите искуства ги презентираат пред претставници од целиот свет.


Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност




Plodonost Logo

ПЗУ Болница Плодност



Контакт


Закажи Преглед

Администрација Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 19:00
САБ 08:00 – 13:00

Ординација по Педијатрија

Педијатрија Работно Време

ПОН-ПЕТ 08:00 – 13:30
САБ-НЕД Затворено


Локација

lokacija-plodnost

Болница Плодност се наоѓа на улица Асном бр.9 (на патот за лавчанска населба познато како Лавци). За насоки до нашата болница кликнете на подолниот линк.

© 2023 Болница Плодност. Сите права се задржани.

mk_MK