Thyroid Gland

ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА (Thyroid Gland)

Тироидната жлезда е ендокрина жлезда која има големо значење за правилното функционирање на целото тело. Се наоѓа под гркланот, од двете страни на дишникот и е позната по својата форма која личи на штит, па затоа е наречена штитна жлезда. Иако мала, оваа жлезда има клучна улога во метаболизмот и во одржувањето на балансот на бројни витални функции во организмот.

ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА (Thyroid Gland)

16 мај 2025
thyroid-gland-intermed-plodnost-bitola.jpg

Тироидната жлезда е ендокрина жлезда која има големо значење за правилното функционирање на целото тело. Се наоѓа под гркланот, од двете страни на дишникот и е позната по својата форма која личи на штит, па затоа е наречена штитна жлезда. Иако мала, оваа жлезда има клучна улога во метаболизмот и во одржувањето на балансот на бројни витални функции во организмот.

Производството на два хормони — тироксин (T4) и тријодтиронин (T3) — се врши од страна на тироидната жлезда. Овие хормони имаат основна улога во регулирањето на метаболизмот, температурата на телото, крвниот притисок и функционирањето на срцето. Со нивна помош се одржува нормален раст и развој кај децата, а исто така и нивото на енергија кај возрасните. За синтезата на овие хормони, потребно е значително количество на јод.

Проблемите со тироидната жлезда можат да се појават кога таа е премногу активна или пак кога е под-активна. Хипертиреозата, на пример, може да предизвика симптоми како срцебиење, зголемена температура на телото, нервоза и менструални нарушувања. Од друга страна, хипотиреозата може да доведе до замор, зголемување на тежината, депресија и проблеми со концентрацијата.

Лекувањето на хипотиреозата најчесто подразбира доживотно користење на левотироксин, лек кој помага да се надомести недостигот на хормони. Плодност Интермед нуди професионални прегледи за хормонални тестови на тироидната жлезда, како и консултации со наши реномирани стручњаци, како што е Супспецијалист гастроентерохепатолог Науч. Сор. Д-р Емилија Николовска Трпчевска.

Закажете преглед на тироидна жлезда во Плодност Интермед. Контактирајте нè на 📞075 758 492 за повеќе информации.

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK