Three Ivf Stories That Restore Hope

Споделуваме три нови ИВФ приказни што покажуваат колку е важна довербата, истрајноста и поддршката.

Во Плодност, секоја ИВФ приказна започнува со нешто многу посилно од терапија започнува со доверба. Денес споделуваме три нови случаи што ја потврдуваат важноста на тимскиот пристап, индивидуализираните методи и силната поддршка, дури и кога патот е долг и непредвидлив.

Споделуваме три нови ИВФ приказни што покажуваат колку е важна довербата, истрајноста и поддршката.

11 јуни 2025
33-godini-obidi-6-godini.jpg
Во Плодност, секоја ИВФ приказна започнува со нешто многу посилно од терапија започнува со доверба. Денес споделуваме три нови случаи што ја потврдуваат важноста на тимскиот пристап, индивидуализираните методи и силната поддршка, дури и кога патот е долг и непредвидлив.
 
1. Имам 30 години, во брак сум 7
Пациентката веќе еднаш го помина ИВФ патот, успешно. Со првиот обид и со замрзнати бластоцисти доби здрава бременост и дете.
Сега, повторно ни ја довери најважната мисија: второ ИВФ, овојпат исто така со замрзнати ембриони и поддршка преку ФЗОМ.
На 5 недели и 4 дена гестациска возраст, ембрионот се развива стабилно. Иста доверба. Иста цел. Ново поглавје.
 
1 30 God Brak  
 
2. Имам 26 години, во брак сум 1.5 година
Причината за неплодност во овој случај беше машки фактор.
Избран беше најпрецизниот пристап – IVF со ICSI и M.A.S.K. протокол, кој овозможува максимална селекција и квалитет во процесот на оплодување.
На 5 недели гестациска возраст, бременоста се развива според сите медицински очекувања. Кога вистинската метода ќе се сретне со вистинскиот момент – животот почнува.
 
26 God Brak
 
3. Имам 33 години, се обидувам 6 години
Во првиот ИВФ циклус беше постигната бременост, но истата мораше да се прекине во 20-та недела поради ретка фетална аномалија дијафрагмална хернија.
И покрај сѐ, оваа пациентка не се откажа.
Со втор обид и повторна поддршка од ФЗОМ, денес бременоста се развива нормално, со ембрион во стабилна фаза на 6 недели.
Нов обид. Нова надеж. Верба дека овојпат крајот ќе биде најубавиот можен.
 
33 Godini Obidi 6 Godini

© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK