Најубавиот подарок за нејзиниот 29-ти роденден: Породено здраво женско бебе во Болница Плодност
24 јуни 2025

Точно во 08:55 часот, Ивана го доби највредниот подарок, здраво женско бебе, со тежина од 3220г и должина од 49см, токму на денот кога ја прославуваше својата 29-та годишнина. Ова е само уште еден пример дека животот знае како да ни подари совршени моменти тогаш кога најмалку очекуваме.
The delivery was carefully managed by Dr Kristinka Pajakovska, in close coordination with our anaesthesia and intensive care team:
Процесот на породување го водеше Д-р Кристинка Пајаковска, во координација со искусен тим од анестезиолошката служба и интензивна нега:
-
Д-р Мимоза Гелевска – анестезиолог
-
Д-р Филип Трајковски анестезиолог
-
Д-р Коста Замановски – специјализант
-
Билјана Поповска Марковска – медицинска сестра
-
Андријана Лозановски – медицинска сестра
-
Ирена Стојановска – медицинска сестра
-
Силвана Јовановска – болничарка

Секоја успешна интервенција е резултат на синхронизирана работа, доверба и посветеност. Тимот на Болница Плодност не само што овозможува врвна медицинска грижа, туку и создава искуства кои остануваат врежани во сеќавањето на семејствата.
Овојпат, покрај радоста од породувањето, мајката доби и роденденска честитка лично од медицинскиот тим, симболичен и емотивен гест што ги трогна сите присутни. За неа, овој роденден ќе биде засекогаш запаметен не само како личен јубилеј, туку и како денот кога започна едно ново семејно поглавје.
Во Болница Плодност, секое породување го третираме како уникатно искуство. Нашата цел е да обезбедиме највисоки стандарди на безбедност, комфор и емоционална поддршка – од прегледите до првиот плач на бебето.
Нашите пациентки добиваат:
-
Поддршка од високо обучен медицински кадар
-
Безбедни и индивидуализирани планови за породување
-
Современа инфраструктура и технологија
-
Топла и хумана атмосфера што го олеснува процесот
Во центарот на нашата работа секогаш стои мајката – нејзините желби, стравови и потреби. Нашиот тим е тука да ја пречека со разбирање и да ја води низ секој чекор со грижа и внимание.
Среќен роденден Ивана!
Нека секој нареден ден ви биде исполнет со љубов, здравје и прегратки од вашето најмило.



