Water Birth Unforgettable Experience

Новости

waterbirth-at-plodnost-1200x1486.jpg

25 март 2025 Новости

Сѐ повеќе жени избираат природен и смирен начин на породување – токму како нашата драга пациентка која по трет пат го избра породувањето во вода во Болница Плодност. Таа се породи во вода кај нас во 2021 и повторно во 2023 година. Во 2025, нејзиниот избор остана ист. Три бремености. Три породувања. Трипати иста одлука. Тоа не е случајност – тоа е доверба, искуство и безусловна поддршка.


benefits-of-water-birth.jpg

13 март 2025 Новости

Породувањето во вода е метод што се повеќе мајки го избираат поради неговите бројни придобивки. Д-р Кристинка Пајаковска е една од докторите кои придонесоа оваа метода да им биде достапна на пациентите во Болницата за плодност, активно работејќи на нејзината примена и усовршување.


001-10.jpg

6 март 2025 Новости

Кога за првпат во Македонија го воведовме породувањето во вода кое сеуште и денес се изведува единствено во Болница Плодност, нашата цел беше да им овозможиме на жените помирно, побезбедно и помалку болно породување. Водата му помага на телото природно да се прилагоди на процесот, ги намалува болките и овозможува поголема релаксација, додека бебето доаѓа на свет во средина што наликува на утробата на мајката. Ова е метод со бројни придобивки за мајката и новороденчето.


001-12.jpg

12 јуни 2024 Новости

„Отсекогаш сонував дека кога ќе имам дете, тоа ќе биде со породување во вода. Навистина прекрасен чин, на кој му се радуавв цело време. Бев подготвена, а во текот на целиот процес ме водеше грижливиот медицински тим. Знаев дека сум во сигурнин раце, соработувавме и така, со едно прекрасно искуство, на свет дојде моето прво дете, синчето Матеј“, вели мајката, која попладнево го имаше личното искуство со методата породување во вода.


002-10-1200x827.jpg

7 мај 2024 Новости

Непосредно пред биењето на камбаните воочи големиот христијански празник Велигден, во Болница Плодност на свет дојде Дарио, со родилна тежина 3410 грама и 52 сантиметри должина. Мајката ја искористи погодноста за породување во вода, уникатна метода, која носи посебно задоволство за родилките и бебињата.


474100506-980582133931607-7879948684921179849-n.jpg

3 март 2024 Новости

Породувањето во вода е сè попопуларен избор за идните мајки кои бараат мирно, природно и поттикнувачко искуство при раѓање. Нема зборови со кои може да се опише првата прегратка и првиот бакнеж на најмилото. Методата на породување во вода, носи неизмерно задоволство за мајката, што е пример со уште една наша пациентка.


002-11-1200x1461.jpg

29 февруари 2024 Новости

Уште една мајка, под водство на д-р Владко Ѓорѓиевски, на свет го донесе своето новороденче, искористувајќи ги бенефитите на оваа метода, со која веднаш може да се почувствува првиот допир и прегратка со најмилото, кое мајката го исчекува цели 9 месеци.


001-15.jpg

27 февруари 2024 Новости

Ако искуството е позитивно и незаборавно, тогаш сигурно ќе се повтори. Уште една мајка денес на свет го донесе своето бебе со методата на породување во вода, споделувајќи го со нас уникатното доживување, за неа по втор пат.


© 2025 Hospital Plodnost. All Rights Reserved.

MK