24 јуни 2025 Новости
Вчера, токму на својот 29-ти роденден, Ивана го доби најубавиот можен подарок, здраво женско бебе, породено во Болница Плодност во Битола. Породувањето се случи точно во 08:55 часот, а новороденчето имаше тежина од 3220 грама и должина од 49 сантиметри. Овој значаен момент се совпадна со роденденот на мајката, создавајќи посебна животна симболика која ретко се доживува.




