Првото капење на новороденчето е посебен момент! Во Болница Плодност, првото капење се прави во пријатна средина со вода од 36-37°C температура што најмногу одговара на нежната кожа на бебето.
Првото капење на новороденчето е посебен момент! Во Болница Плодност, првото капење се прави во пријатна средина со вода од 36-37°C температура што најмногу одговара на нежната кожа на бебето.
Voluson Expert 22 е повеќе од ултразвучен апарат, со напредната AI технологија што ја користи за автоматизирани мерења и аналитички алгоритми, овозможува побрзо детектирање на анатомски структури, пократки прегледи и подобра точност.
Со задоволство ја споделуваме веста дека денеска во болницата Плодност го дочекавме 100-тото новороденче од почетокот на годината!
Денес е посебен ден во историјата на нашата болница! Со огромна радост го споделуваме нашиот нов рекорд – во моментов, на неонатолошкото одделение има 24 новороденчиња. Горди сме што за прв пат постигнавме ваков успех и што имаме можност да бидеме дел од најсреќните моменти во животите на толку многу семејства. Со задоволство објавуваме дека сите бебиња и нивните мајки се во одлично здравје. Проширувањето на нашата болница ни овозможи да имаме капацитет и ресурси за вакви моменти, каде што љубовта и животот се слават со ваква бројност.
Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели (две братчиња и сестричка), на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.
Фототерапијата ја применуваме најчесто по првите 24-48 часа. Синото светло помага да се исфрли вишокот билирубин, а бебето за 1-2 дена го враќа својот природен румен сјај и здрав изглед.
Утринава, во 7.32 минути, дежурната екипа во Болница Плодност, предводена од д-р Владко Ѓорѓиевски, на свет го донесе 700 новороденче во 2024 година.
Во Болница Плодност на родилките им се посветува големо внимание во однос на учењето за правилно доење, начинот на држење на главата на бебето, начинот на правилно поставување на дојката и на се останато што е потребно за првите чекори во оваа значајна постапка и за мајката и за бебето. Времето за прво доење е веднаш по раѓањето ако бебето е родено природно, или следниот ден, ако се работи за породување со царски рез. Многу е важно да се започне со правилен начин на доење. Затоа, нашиот медицински персонал и сестрите, постојано се во консултација со мајките и им помагаат да се оствари првичниот контакт со бебето и правилно да започне процесот на доење.