26 ноември 2024 Новости
Кариотипизацијата е генетска анализа што ги испитува хромозомите – нивниот број и структура – за да ги открие можните промени што влијаат врз плодноста,“ објаснува Прим. д-р Таше Трпчевски. Како се прави анализата? Со примерок од периферна крв, ги анализираме хромозомите под микроскоп, идентификувајќи аномалии како транслокации, делеции или неправилен број на хромозоми.




