Дијана Митрова има 33 години и доаѓа од Велес. Нејзината животна приказна е доказ дека довербата, времето и вистинскиот тим прават разлика. И покрај тоа што работи во канадски ИВФ центар, Дијана одлучи својата бременост да ја довери токму на македонскиот тим на Болница Плодност.
По три години обиди за природно зачнување, неуспешни инсеминации и административни пречки од страна на ФЗОМ, каде ѝ беше побарана лапароскопија за да добие финансирање, Дијана ја донесе клучната одлука да дојде во Плодност. Таму ја пречека доктор Таше Трпчевски, кој по детална консултација утврди дека лапароскопија не е потребна и дека веднаш може да се започне со ИВФ циклус.