2 мај 2025 Новости
Во периодот од 26 до 29 април 2025 година, Прим. Д-р Таше Трпчевски имаше чест да биде дел од еден од најзначајните светски настани во областа на репродуктивната медицина – IFFS World IVF Congress 2025, кој оваа година се одржа во Токио, Јапонија. Настанот се одржа под темата „Разновидност, одржливост и отпорност во репродуктивната медицина“, со акцент на предизвиците и иновациите во третманот на неплодност на глобално ниво. Конгресот собра водечки светски имиња од областа на асистираната репродукција, вклучувајќи лекари, ембриолози, истражувачи и претставници од меѓународни здруженија.




